Ракомет
3. May 2017 - 19:33

Нема веќе влезници за дуелот Македонија - Исланд

Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд. На еден ден пред почетокот на натпреварот, продадени се сите влезници за дуелот.
 
Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, организаторот упатува апел сите кои имаат влезници, да дојдат, за уредно да го најдат своето место за седење. Утре, на денот на натпреварот, вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот.
 
Почетокот на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2018 помеѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот.