Македонија
27. May 2016 - 12:50

Нема разлика: Демонстрантите во Киев и Скопје со исти „оружја“, Заев еден од нив

Украинското сценарио беше најавено и тоа не од било кој, туку од лидерот на СДСМ, Зоран Заев  во гостување на телевизија Телма. Неговите зборови вчера беа пренесени во конкретни дела по теркот на украинското сценарио, кога тој застана и како лидер на Шарената револуција, па рамо до рамо со платениците од Сорос, за кои деновиве јавноста дозна дека земале огромни суми, фрлаше со боја врз Министерството за правда. 

Вчера на само неколку недели по оваа скандалозна изјава, Заев ја легализираше Шарената револуција и конечно го покажа вистинското лице, дека токму тој е и лидерот на истата. Новинарот Мухамед Зекири инспириран од вандализмот на Заев, направи монтажа со тоа што наместо боја на Заев во рака му ставил молотов коктел. За потсетување, молотовите коктели беа едно од главните „оружја“ на демонстрантите во Украина.

zaev muhamed

Имајќи го во предвид она што го кажа Заев и фотографиите и видеата кои кружат на интернет за вандалското однесување на демонстрантите, може да се забележи дека она што се случуваше во Украина,  денес се случува низ улиците на Македонија.

Последните реквизити со кои се користат демонстрантите на платеничката револуција, се катапултот и пластичните пушки со кои фрлаат боја.

Катапултот беше еден од главните реквизити на демонстрантите на Мајдан во Киев, а истиот се користи и од платениците кои протестираат во Македонија.

katapuls kiev
Демонстрант и катапулт во Киев-Мајдан

maidan catapult
Демонстрант и катапулт со молотов коктел во Киев-Мајдан

katapult skopje
Демонстрант и катапулт во Скопје

До сега сличностите помеѓу однесувањата на демонстрантите во Украина и Македонија се неверојатно пресликани од улиците на Украина на улиците во Скопје.