Ракомет
26. July 2017 - 23:32

Нема пречки за младите македонски ракометари совладан и Алжир за четвртфинале

Македонската младинска ракометна репрезентација успеа да се пласира во четвртфиналето на СП во Алжир откако вечерва во последниот осминафинален дуел го победи домаќинот Алжир со 24:20 (10:11). Утре во четвртфиналето Македонија ќе игра против селекцијата на Франција која славеше триумф над Фарски Острови.

Одличната игра во вториот дел во одбраната пред се го донесе посакуваниот триумф и пласманот меѓу осумте најдобри селекции на светот. Македонија во решавачкиот моменти покажа каркатер во играта и со дисциплина на сите нивоа избраниците на Илија Темелковски стигнаа до победата. Со триумфот нашите ракометари ја замолкнаа и 10.000 илјадната домашна публика.
 
Победата е уште позначајна ако се знае дека Марко Нелоски поради повреда во првите две - три минути не беше во составот, а по 10 минути игра во вториот дел се повреди и Филип Арсеновски и тој повеќе не се врати во игра.
 
Со осум голови кај Македонија најефикасен беше капитенот Филип Талески.
 
Според распоредот Македонија утре против Франција треба да игра со почеток во 19:30 часот.
Во другите четвртфинални дуели играат: Германија - Тунис, Данска - Русија и Унгарија - Шпанија.
 
Сите четири селекции од групата на Македонија (Русија, Шпанија и Тунис) изборија пласман меѓу осумте најдобри селекции.