Loading Video...
Свет
21. July 2017 - 17:01

Нема повредени македонски државјани во земјотресот на Кос и во Бодрум

Нема повредени македонци во силниот земјотрес што ноќеска се случи во Егејското море и ги потресе популарните турски и грчки турстички дестинации Бодрум и  Кос. Од Македонското министерството за надворешни работи информираа и дека ниту еден наш државјанин не се обратил за информација  или помош.  Потресот со јачина од 6,7 степени по Рихтер на островот  Кос однесе два животи, остави зад себе над 100 тина повредени и предизвика голема материјална штета. Загинатите се туристи од Турција и Шведска , кои настрадале  при уривање на  ѕид во еден од баровите .Ударот се случил во 1 часот и 30 минути по локално време, а потоа следело и  мало цунами.   

 За драматината слика  од потресот сведочат и македонски туристи кои летуваат на Кос. Игор Јарчевски во изјава за Сител вели дека жителите и турстите испаничено ги напуштиле објектите и ноќта ја поминале на улица.

Во стариот град на грчкиот остров  со земја се срамнети  стари  згради, кафулиња, барови, уништени е една црква а големи оштетувања се регистрани на пристанишњето за јахти.

Од  труската страна на крајбрежјето зафатена од земјортесот, нема  загинати а штетите се мали.. Со повреди завршиле 70 лица.  Во  Бодрум една болница е евкуирана во знак на претпазливост , поради пукнатини  на  ѕидовите.