Бизнис
1. February 2017 - 20:05

Нема поевтини кредите за граѓаните, за фирмите ќе има благ пад на каматите

Благ пад на каматите на кредитите за фирмите, најавуваат банкарите.  За домаќинствата велат, за сега нема услови за поевтинување .  Каматите на  станбените и потрошувачките кредити , кои граѓаните најмногу ги користат -  во моментов се на историски најниско ниво. Тоа значи дека  врз нив нема  да влијае намалувањето на рефернетната камата од страна на  Народната банка.

По значителното повлекување на заштедите во април и мај, поради шпекулациите  за девалвација на денарот, состојбата кон крајот на годината се стабилизира. Довербата во банките повторно е вратена.  Во декември регистрирани се рекордни заштеди, кога во просек граѓаните дневно орочувале по 2,7 милиони евра.  Бројка која според банкарите се должи на исплетените  бонуси, награди, дивиденди, 13 плати и слично. 

Банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден. Доказ за тоа е постојаниот пораст и на кредитирањето и на депозитите. Според податоците на Народната банка, граѓаните најмногу земаат станбени и потрошувачки кредити. 

Значителен пораст на кредитирањето  банкарите очекуваат втората половина од  годината. На тој начин ќе се стимулира рзавојот на стопанството и економијата.