Македонија
25. September 2017 - 16:17

Нема нови случаи на морбили во Гази Баба

Морбилите во Македонија најверојатно се увезени од Косово. По податоците од епидемиолошките анкети на петте заразени деца, здравствените власти испитуваат дали постои поврзаност кај дел од нив со регистрираните случаи на мали сипаници кај северниот сосед.

По епидемијата прогласена во Гази Баба, викендот превентивни тимови вакцинирале 100 лица кои не биле заштитени со МРП.

Дополнително, епидемиолози ги бараат адресите на пациенти кои биле на Детска Клиника во периодот кога здравствена заштита барале и заболените.

-Тимови од скопскиот центар за јавно здравје се на терен и ги прочешлуваат вакциналните картони за да ги најдат оние кои се невакцинирани. Апелирам до родителите да не ја одложуваат вакцинацијата бидејќи предизвикуваат сериозни компликации кај децата, вели др. Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.

Иако последните два дена не се регистрани нови случаи, епидемиолозите предупредуваат на внимателност бидејќи инкубацијата на ова опасно заболување е од 10 до 14 дена. Последен пат во земјава имаше епидемија на морбили во 2014 година со 110 заразени. Загрижува и податокот што последните годсини значително опаѓа опфатот на имунизација со МРП вакцина, особено во главниот град.