Свет
19. December 2015 - 17:37

Нема крај на трагедиите со мигрантите во водите на Егејското море

Нема крај на трагедиите со мигранти во водите на Егејското море.  18 лица се удавија кога нивниот брод потонал  во близина на турскиот град Бодрум. Бродот пловел кон  грчкиот остров Калимнос. Припадниците на турската крајбрежна стража спасиле 14  мигранти.

САд ги заострија ограничувањата за влез на граѓаните од 38 земји   

Американската администрација воведе нова мерка во врска со безбедноста по ноемвриските терористички напади во Париз. Со  мерката се ограничува влезот во САД за државјани од 38 земји од кои 30 се европски , кои досега влегуваа без визи. Сега визи ќе им бидат потребни  на сите што во изминативе 5 години биле во Ирак или  Сирија.

ЕУ  ги продолжи санкциите за Русија

Челниците на ЕУ се договорија да ги продолжат економските  санкции  кон  Русија за уште 6 месеци. Санкциите  воведени  поради улогата  на официјална  Москва во украинскиот  конфликт се однесуваат  на енергетиката, банкарството и одбраната.  Одлуката ќе стапи на  сила во   понеделник на полноќ, ако некоја од 28 земји членки  на унијата  не го смени  мислењето и вложи писмен приговор.