Македонија
23. July 2016 - 9:42

Нема информации за македонски граѓани жртви во нападот во Минхен

Властите во покраината Баварија и федералните германски власти не даваат информации за идентитетот на загинатите и повредените во нападот во Минхен, но според организациите на Македонците во Германија, како што јави дописникот на МИА од Берлин, засега нема сознанија за македонски граѓани меѓу настраданите во терористичкиот напад.

Според германската полиција, податоците за жртвите на нападот ќе бидат споделени со јавноста откако ќе заврши акцијата на германските безбедносни служби и прецизно ќе се дознае идентитетот на загинатите и повредените.

Најверојатно германската полиција во текот на утрешниот ден ќе даде повеќе информации за напаѓачите и за жртвите.