Македонија
9. March 2016 - 17:04

Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список

Никој не може да го загуби правото на глас поради местото на живеење. Менувањето на адресата е обврска на граѓаните, но не и кривично дело. Они кои нема да ја променат откако ќе го сменат живеалиштето се санкционираат прекршочно со казна од 20 евра.

Луѓето кои имаат валидни лични карти не се фантомски гласачи без разлика каде живеат, сметаат експертите.

Новаковски кој на челната позиција на ДИК дојде како предлог на СДСМ смета дека воведувањето на апликацијата за проверка на избирачкиот список на внесе непотребна забуна меѓу гласачите и им остави простор на партиите да лицитираат со адреси и да будат недоверба кај гласачите во избирачкиот список. Според него, на потег е МВР, единствената институција која има надлежност и обврска да провери, дали луѓето кои живеат на наводно спорните адреси имаат валидни документи и дали ги добиле во легална постапка

До овој момент нема ниту еден пријавен случај за двоен упис во избирачкиот список, а МВР раководено од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски не презема никакви активности што отвора простор за сомнеж дека опозицијата свесно ја одложува проверката на наводно спорните адреси за да може подоцна да си обезбеди алиби за бегство од изборите или пак оправдување за извесниот изборен пораз.
Наместо официјални пријави, СДСМ заедно со медиумите на СОРОС веќе неколку дена манипулираат со јавноста. Најеклатантен пример беше кога весникот на фабриката за афери, Фокус објави дека пратеничката Даниела Рангелова е регистрирана за гласање и во скопски Центар но и во општина Брвеница.

Последните анализи на јавното мислење велат дека рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се движат во различни насоки, а опозицијата од ден во ден има се помалку поддржувачи меѓу граѓаните.
Според експертите, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е ниту 1000 ниту 10000 гласови. Владејачката партија има 200.000 гласа предност што се 200.000 причини за страв во опозициските редови и исто толку аргументи за бегство од изборите.