Живот
27. September 2015 - 13:05

Нема да им верувате на своите очи: Погледнете како изгледа бездомник откако ќе се избања!

Дон Лучијано Чуман, познат како „лудиот човек“, е бездомник кој живее во Ферењафе, Перу. Тој со години не ја сменил облеката, ниту пак се измил. Со помош на локалните жители, Чуман целосно го променил физичкиот изглед.
 
Тој веќе подолго време е бездомник, а луѓето кои секојдневно го гледале како живее по улиците на градот решиле да му помогнат барем подостоинствено да ги живее последните години од животот. Чуман има 83 години и се движи со помош на стап.
Локалните жители одлучиле да му помогнат така што го измиле, му дале нова облека и целосно го трансформирале неговиот изглед. Му овозможиле секојдневно да има оброци, како и здравствена нега со што му го спасиле животот кога бил болен.
 
Фотографиите од неговата преобразба и хуманиот гест на луѓето со голема брзина се раширија на социјалните мрежи, пишува Yahoo.