Ракомет
2. November 2016 - 13:40

Нелоски во составот за дуелот со Украина

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Лино Червар ги одреди 16-те играчи за денешниот дуел со Украина. Составот е очекуван со тоа што шанса на теренот ќе добие играчот на Металург Марко Нелоски во однос на Ристо Арнаудовски.

На голманската позиција покрај Борко Ристовски ќе биде Златко Даскаловски, кој доби предност во однос на младиот Мартин Томовски.