-->
-->
Неколку села во Шара без струја - патиштата исчистени
-->
Јавното комунално претпријатие и фирмата ангажирана за чистење на патиштата по вчерашниот аларм на жителите на горно-планинските села на Шара за блокирање на неколку патишта од снегот денеска од изутрината со забрзано темпо ги чистат патиштата и патот до планинските села, Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце.
Патиштата до селата се чисти, но на некои места се тешко проодни поради натрупаниот снег и појава на голомразица.
Од општина Тетово изјавија дека од денеска сите патишта се проодни, со одредени помали тештокии.
- По реакциите на жителите на планинските села вчера веднаш реагиравме и ги исчистивме сите патишта до селата на Шара и исто така патиштата низ Тетово, Порој и Речица. Денеска и следните два дена ќе почнеме со чистење на споредните патишта, а исто така ќе фрламе и сол за да не се појават голомразици, изјави портпаролот на општина Тетово, Арменд Фазлиу.
Додаде дека досега се фрлени околу сто тона сол, чија вредност е некаде околу пет милиони денари.
- Дирекцијата за одржување на патиштата е снабдена со сол и друг потребен материјал за непречено функциуонирање во текот на овие снежни денови, додаде Фазлиу.
Жителите велат дека се задоволни од општината за преземените мерки за чистење на снегот, но бараат почесто фрлање сол со цел да не дојде до појава на голомразица во текот на ноќните часови, кога температурите паѓаат под нулата.
Тие упатија критики кон општинските органи поради тоа што не се преземаат мерки за чистење на споредните патишта кон овие села, кои исто така спаѓаат под надлежност на општината, поради што тие се принудени сами да ги чистат.
Поради обилниот снег што во текот на ноќните часови ја покри Шара, селата Шипковица, Бродец, дел од Вејце и уште неколку во Полошко, неколку часа останаа без електрична енергија.
По интервенирање на ЕВН дотокот на струја беше стабилизиран, меѓутоа во некои планински села и натаму има прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право