Бизнис
1. March 2016 - 20:04

Некогаш најпознатиот хотел на Охридското крајбрежје Палас ќе се рестартира

Некогаш најпознатиот хотел на охридското крајбрежје Палас ќе се рестартира. Објектот кој не работи од 2001 година за неколку месеци се очекува да започне со реконструкција и да прерасне во елитен хотел со 5 ѕвезди во кој ќе има спа центри, базени и други пропратни содржини.Со оглед на тоа дека станува збор за споменик на културата ставен под заштита инвеститорот Охрид Турист ќе треба да го задржи постојниот габарит и висина, со можност да се санира и конзервира фасадата,а во  внатрешноста дозволени се секакви измени.

Изградбата на еден современ туристички локалитет во центарот е од особено значење за развојот на градот.

Овој најрепрезентативен хотел посетуван од голем број на познати светски личности граден во периодот од 1952 до 1957 шеснаесет години беше оставен на забот на времето.