Македонија
14. February 2016 - 20:17

Нека не ве лаже сонцето: Подгответе се за снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат позастапени во крајните западни и јужни делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 14 степени. 

Нека не ве лаже сонцето. Повторно периодов следува снег.