Фудбал
8. July 2015 - 11:52

Нејмар: Туран ќе биде големо засилување за Барса

Еден од најдобрите играчи на Барселона, Нејмар денеска изјави дека Арда Туран е големо засилување за актуелниот шампион на Шпанија и на Европа.

 
Туран во Барселона дојде од Атлетико Мадрид за 41 милион евра, но ќе дебитира во јануари следната година, поради забраната за доведување на нови играчи на каталонскиот клуб.
 
- Арда Туран е голем играч. Тој е меѓу најдобрите во лигата. Има квалитет и ќе ни биде од корист, истакна Нејмар за шпански „Спорт“.
 
Туран за Атлетико одигра 178 натпревари, постигна 22 гола, ја освои Лига Европа во 2012 годин, Копа дел Реј и Примера во 2014 година.
 
За националниот тим на Турција одигра 81 натпревари и постигна 14 голови.