Фудбал
9. September 2016 - 14:49

Нејмар ја одбил баснословната понуда на ПСЖ

Нејмар да Силва ја одбил понудата на ПСЖ од рекордни 190 милиони евра бидејќи решил да остане во Барселона и да го продолжи договорот.
 
Менаџерот на Нејмар, Вагнер Рибеиро, открил дека неговиот клиент имал можност во ПСЖ годишно да заработува 40 милиони евра, сума која е речиси двојно поголема од онаа која Кристијано Роналдо ја заработува во Реал Мадрид.
 
„Беше многу блиску до трансфер во ПСЖ каде ќе заработуваше 40 милиони евра годишно. Исто така, интерес покажуваше и Манчестер Јунајтед, но Нејмар реши за помалку пари да остане во Барселона. Тој сака уште долго време да остане во Барселона“, изјавил за бразилскиот ESPN, Рибеиро.
 
Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021, откупната клаузула во договорот изнесува 200 милиони евра.
 
Бразилецот во 2013 година од Сантос се пресели во Барселона.