Македонија
25. May 2017 - 16:20

Неизвесност за учениците - ќе има ли екстерно тестирање?

Политичарите ги збунија учениците, никој не знае ќе има или не екстерно тестирање. Државниот испитен центар подготвил  450 илјади прашања за сите  предмети, а датумите закажани за 5, 6 ,8 и 9 јуни.

Стенд ап - На само 10 дена од првиот датум закаан за екстерно тестирање учениците во недоумица дали да учат за екстерно. Велат ниту професорите ниту директорите на училиштата не знаат да им кажат дали ќе се полагаат овие тестови.

Министерот за образование Љутфиу во изјава за Алсат М вчера изјави дека сепак, и на крајот на оваа учебна година ќе има екстерното тестирање иако мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, најави дека екстерното тестирање ќе се укине веднаш штом Собранието почне да работи.

- „Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија, затоа би апелирал учениците да се подготват за екстерно тестирање бидејќи донесувањето на законите на се случува преку ноќ, туку треба да биде во консултација и со правниот сектор со правните експерти за да донесе добар закон. Потоа законот ќе мора да помине на комисии, ќе треба во Парламент, па верувам дека ќе треба да помине извесно време по доаѓањето на новата влада. Затоа, повторно апелирам дека и покрај желбите на СДСМ да се донесе законот за укинување на екстерното тестирање, потребно е време“, изјави Пиштар Љутвиу, министер за образование.

Од СДСМ пак тврдат иницијатива за измени во законот по скратена постапка е поднесена во Собранието и очекуваат дека за истата ќе се дискутира веднаш на  првата собраниска седница која ја најавуваат за неколку дена .

За да се укине екстерното тестирање, што годинава е закажано да се полага од 5 до 9 јуни, треба да се сменат законите за основно и за средно образование, како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила.