Неизвесен изборот на Весељи за претседател на косовското Собрание
Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа најави дека пратениците на коалицијата предводена од неговата партија, нема да го поддржат изборот на Кадри Весељи за претседател на косовското Собрание.
Како што јави приштинскиот весник „Зери“, Мустафа на својот профил на Фејсбук објави дека зад ваквата одлука покрај ЛДК застанале и коалициските партнери Алијансата за ново Косово (АКР) и партијата Иницијатива за Косово.
Весељи, кој е лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), беше највен како кандидат за претседател на Собранието од коалицијата предводена од ПДК и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, која освои најмногу пратеници на предвремените избори одржани на 11 јуни.
Конститутивната седница на новоизбраното косовско Собрание, се уште не е одржана речиси месец и половина по одржувањето на изборите.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој е и основач и долгогодишен лидер на ПДК, набрзо по изборите најави дека Собранието ќе биде конституирано најдоцна до 10 јули, за потоа да го пролонгира тој термин за до 27 јули. Сепак, по консултациите со лидерите на парламентарните партии во понеделникот, Тачи ја закажа конститутивната седница за 3 август или четири дена пред крајниот рок за нејзино одржување.
По најавта на Мустафа дека неговата коалиција нема да го поддржи изборот на Весељи, останува неизвесно дали Собранието на својата конститутивна седница ќе успее да избере претседател.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право