Свет
28. February 2016 - 12:03

Неидентификуван авион изврши напад врз џихадистички конвој во Либија

Неидетификуван авион изврши рано изутринава воздушен напад врз конвој на борци на групацијата Исламска држава, во близина на либискиот град Бани Валид, изјави член на Градскиот совет, јави БТА. 

Воздушните напади врз екстремистите во Либија ги извршуваат либиските сили, но и САД.

Американските воени авиони овој месец извршија напад врз камп за обука на ИД во западниот либиски град Сабрата, во кој беа убиени 40 лица.