Живот
5. November 2016 - 14:39

Негрижа: Бебе се удави во полна када, додека мајката имала секс со љубовникот

Мајка од Тексас е уапсена откако нејзината малечка ќеркичка се удавила во када, додека таа имала секс со љубовникот.

Аманда Ен Кларк (26) ги ставила своите три ќерки на возраст од 6, 3 години и 23 месеци во када полна со вода додека таа имала секс во спалната.

Инцидентот се случил на 23 октомври, кога тригодишното девојче во кадата ја турнало најмладата сестра Александрија и ја држела под вода, по што таа се удавила.

Најстарата сестра (6) потоа отрчала во собата на мајката да и каже што се случило.

Мајката избезумена се обидела да го реанимира удавеното девојче, но без успех.

Полицијата изврши увид и против мајката поднесе пријава за запоставување на децата и и е одредена кауција од 200.000 долари.

Момчето што било со неа во спалната е ослободено од обвиниение бидејќи е утврдено дека не знаел дека децата се во бањата.