Македонија
4. March 2017 - 16:22

Недела на граѓански собири - Расте поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Актери, спортисти, пејачи - и јавните личности им се приклучија на над 100 илјади ѓраѓани со поддршка на иницијативата За Заедничка Македонија. Пет дена повикуваа да се зачува унитарноста на државата. Велат- немаме друга татковина, сите заедно треба да се бориме. Актерот Петрушевски го повика и  раководството на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да излезат со поддршка.

-Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија, вели Петрушевски.

Пејачката Јаневска  на својот ФБ профил напиша

-Дамјан Груев рекол: Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка,

Најдобриот македонски спортист за 2010 та година Атанас Николовски и еден од најдобрите кајакари, во знак на поддршка го развеа македонското знаме и се приклучи на мирниот протест. Каратистот Мартин Несторовски  нашиша –

Државните бои ги браниме сите, без разлика на националната, весрската или друга припадност. Како спортисти сме должни да го браниме државниот грб и знаме на сите наши настапи. Ве повикувам сите да дадете поддршка на мирната иницијатива за „Заедничка Македонија“. Затоа што Македонија е се што имаме.

-Сите треба да стоиме исправено под едно знаме и да пееме иста химна, да ја сакаме татковината независно од нашата националност, вера… Пред се треба да сме Македонци и да се залагаме за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, напиша маратонецот Томи Стефаносвки

Кајакарот Љубомир Спасиќ,  пак напиша дека нема да дозволи никква поделба на нашата држава и промена на знаме, име и химна.

Македонија е мирољубива земја  - оваа порака треба да им се прати на сите надвор од Македонија, порача и Калиопи

Да престанат  улимативните барања и Платформи, наместо таква Платформа, да се направи Платформа за економски и културен просперитет, порача диригентот Запро Запров

Ќерката на големиот Круме Кепески повика да запрата манипулациите кон македонскиот народ.

Оперскиот пејач Игор Дурловски, актерката Снежана Конеска Руси бараат сите политичка партии, заедно со граќаните да изготват Платформа за заедничка Македонија.  Партиите да не дозволат да се гласа за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редифинирање на Република Македонија

Не за двојазичност, не за втор службен јазик – службен јазик на оваа држава е македонскиот и името на оваа држава е Македонија, повика Васил Зафирчев

Поддршката за иницијативата За заедничка Македонија од ден на ден е се поголема.