Џет-Сет
15. April 2016 - 21:43

Неда Украден ќе стапи во брак: Никој не очекуваше ваков тип на маж!

Во интервју за српски „Блиц“, легендарната Неда Украден открила дека наскоро ќе стапи во брак и дека на нејзиниот маж во кревет не му се потрбни никакви дополнителни стимуланси.
 
Иако е на прагот од седмата деценија, пејачката рекла дека периодов има повеќе обожаватели отколку во младоста.
 
- јас сум некој кој ја брише границата меѓу младите и старите. Денес, верувајте ми имам повеќе додворувачи од кога имав 25 или 30 години. навистина, тоа не е лага, - рекла Неда, додавајќи... Да ви ги покажам своите пораки од познати и непознати луѓе, навистина ќе се изненадите.
 
Новинарот ја прашал дали е поласкана што во минатото гласела за жена која била најпосакувана од страна на политичарите, на што пејачката одговорила дека политичарите никогаш не ја интересирале.
 
- Со политичарите никогаш не сум се дружела многу, а на Тито му пеев десетина пати. Тоа беше моја обврска. Што се однесува до машкиот род, не знам дали некој имал повеќе обожаватели од мене, - заклучила Украден.
 
За својот партнер не зборувала многу, освен што истакнала дека не е позната личност. Го коментирала и сексуалниот живот, велејќи дека не и е потребен секс преку мобилен или пак голи фотографии.
 
- Не ни требаат никакви дополнителни стимуланси за да ни биде добро, заклучила пејачката.