Македонија
6. August 2016 - 18:54

Небо и земја се споија во Скопје - Силно невреме во главниот град

Се споија небо и земја во Скопје. Во моментов во главниот град дува силен ветер проследен со силни грмежи.
 
Речиси цел ден помина во спарно и тешко топло време а токму тоа еден од предзнаците на промената на времето која што се најавуваше попладнево.

Имено, продорот на малку постудена воздушна маса во повисоките слоеви на атмосферата ќе придонесе за дестабилизација на истата, но процесите врзани со истата денеска ќе се задржат во западната половина од земјата. Развој на нестабилна облачност, повремен поинтазивен дожд проследен со грмежи и повремен засилен ветер е она што ќе биде резултата на промената на времето.

13951014_1016597451789295_1303686677_o

Врнежи во западниот регион се можни и во текот на вечерта, а локално и во ноќните часови,Денеска термометрите и субјективното чувство за топлина нема да се „поклопат“. Она што се очекува објективно да се измери со термометар се вредности од 32°С и 35°С во котлините централниот, северниот и источниот регион, а на југот на течението на Вардар околу 37°С. Охридско-преспанскиот  крај денеска ќе има максимална околу 32°С. Заради спарината субјективно ќе чувствуваме дека е потопло во однос на реалната температура.