Ракомет
21. February 2017 - 13:05

Неагу се враќа во Романија

Кристина Неагу најдобрата романска ракометарка по завршувањето на сезоната ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт.
 
Кристина Неагу на карајот од сезоната ќе замине од Будуќност и во наредните две сезони ќе игра во ЧСМ Букурешт. Романската репрезентативка од 2013 година е во Будуќност, а претходно има настапувано во Олчим и Брашов.
 
Инаку, сериозен интерес за Неагу покажуваше и македонскиот шампион ЖРК Вардар, но во изборот на клубот пресуди желбата на Романката да се врати во татковината.
 
Будуќност во летниот преоден рок ќе претрпи големи промени бидејќи покрај Неагу, нови клубови веќе си најдоа Катарина Булатовиќ кој ќе оди во Ростов и Драгана Цвијиќ која доажа во Скопје.