Балкан
6. February 2017 - 16:45

Не запираат протестите во Романија, демонстрантите со ново барање до владата

Романската влада го исполни барањето на демонстрантите и ја  повлече спорната уредба за ублажување на антикорупцискиот закон , но  тие не си заминаа од улиците на Букурешт.

Сега бараат оствака од социјалдемократската влада и предвремени парламентарни избори.

- Не се работи за една уредба, се работи за начин на водење политика. Сериозно, ние сме уморени од истите стари работи, изјави демонстрант.

Премиерот Сорин Гриндеану  порача дека нема да се повлече од фунцкијата.