Не успеала да побегне од канџите на Исламската држава - 16-годишната Самра убиена во Сирија
Самра Кешиновиќ(16), Австријка со босанско потекло, убиена е во сирискиот град Рака додека се обидувала да побегне од канџите на Исламската држава, тврди добро информиран извор за австрискиот весник Естерајх.
За потсетување Самра со својата другарка Сабина Селимовиќ (15), во пролетта 2014 година се придружија на борците на ИСИЛ во Сирија и од тогаш нивната судбина не се знае.
– Самра е претепана на смрт додека се обидувала да избега- вели инсајдер за Естерајх.
Самра и Сабина се тинејџерки со босанско потекло кои живееја во Виена. Тие избегаа од дома и од тогаш сигурно ништо не се знае.
-Не не барајте, го славиме Алах и за него ќе умреме - напиша во една прилика Самра на социјалните мрежи.
– Не грижете се за нас, добро ни е, секој ден јадеме Нутела- напиша Самра во друга прилика.
Самра наводно во Рака родила и дете. Сега се тврди дека таа е убиена.
– Таа и Сабина живееја со другите жени во куќа на припадниците на ИСИЛ. Самра се обиде да избега и беше претепана - вели инсајдер.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено