Македонија
15. November 2015 - 19:39

Не стивнуваат реакциите за изборот на СДСМ, Спасовски да биде министер за внатрешни

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Немал сертификат за доверливи информации, а земал овластувања да донесува одлуки за прашања поврзани со безбедноста, открива порталот Прес 24.

На синоќешниот состанок на на Советот за безбедност, Спасовски присуствувал без сертификат за безбедност кој е задолжителен во вакви случаи, па морал да потпишува изјава за доверливи инфомрации пред почетокот на седницата, дознава порталот.

 Ваквите сертификати обично се првите документи кои ги бара еден министер, но место сертификат Спасовски си побарал модерно Ауди и Ајфон 6.

Извори од МВР за порталот велат дека без ваков Сертификат, Спасовски не не смее да има пристап до класифицирани информации од министерството. Но и покрај тоа тој ги одзеде овластувањата на директорите на јавна и државна безбедност и на началниците и командирите.

Ова значи дека сега кога тие немаат овластувања, а тој не смее да гледа класифицирани информации по кој би издавал наредби, целосно е блогиран безбедносниот систем.

По Париските напади во кои настрадаа стотици цивили, загрозена е безбедноста на целиот континент, според експертската јавност, тоа што Спасовски им ги одзеде овластувањата на телата во МВР може да ја втурне државата во сериозни безбедносни проблеми.

Некомпетентноста на Спасовски, во интервју, ја коментираше и професорот Гордан Калајџиев кој важи за близок до СДСМ и до СОРОС.

Се очекуваше позитивна активност од СДСМ, да се постават работите на здрави основи и во таа смисла, првиот чекор во МВР требаше да биде независен експерт, или нешто подобро од она што го понудија, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Прес24 дознава дека Спасовски сеуште нема побарано “Сертификат за пристап до доверливи информации“, но затоа освен Ауди и Ајфон побарал и пристап до 12,000 телефонски броеви кои ги користат вработените во МВР и листа на тоа кој каков службен автомобил користи.

Порталот “Курир“ пишува дека Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиумите кои известуваат критички за опозицијата. Според Курир, најголем дел од вработените одблиле да ја почитуваат ваквата наредба, но има и такви како Тони Димитриевски од МВР кој ја прифатил нарачката и почнал да ги линчува медиумите на социјалните мрежи.