Македонија
25. October 2016 - 22:19

Не се дише надвор - вечерва не излегувајте од своите домови

Како што се спуштаат температурите и луѓето почнуваа поинтензивно да ги греат своите домови, така расте и нивото на загаденост низ Македонија. 

Во некои делови од земјата, како на пример во Миладиновци, во моментов загаденоста е над 5 пати повисока од максимално дозволеното ниво.

Во Скопје најзагадено е во Лисиче, а високи вредности покажуваат и мерните станици на Ректорат и Гази Баба. 

Доста загадено е во Кичево, Тетово и Куманово.

Погледнете ги сите мерни единици.