Македонија
1. March 2017 - 16:49

Не само Србите, туку и Ромите, и Турците, и Бошњаците се кренаа против СДСМ

Роми обидинети за Македонија се спротиставија на предлог законот за употреба на албанскиот јазик. Според нив со тоа се дава привилегија и се унапредува само една етничка заедница што е спротивно на принципите и начелата од охридскиот рамковен договор од каде произлегува предлогот.

-Со ваквиот чекор за излегување од рамката на Охридскиот рамковен договор се креира перцепиција за креирање на нов договор надвор од постоечкиот, каде што ромската заедница, а и останатите не се земени предвид“. РОМ ја укажува својата загриженост на дел од штетите кои би ги предизвикал овој закон кон ромската заедница: ограничување во образовниот процес со прекршување на правото за избор, намалена конкурентност на пазарот на труд, затскриена, но присилна асимилација на ромската заедница која живее во општини во која доминатно население е албанското.

Единствено и вистинско решение според РОМ за функционалноста на овој закон и понудената платформа ја гледаат во реализирањето на нов попис кој ќе биде спроведен со напредна методологија на евидентирање преку отисок од прст.

И од  Демократска Бошњачка Партија порачаа дека нема да дозволат да се наруши унитарноста и да се прифати бинационалност.

Загрижени за состојбата во која се наоѓа државата и револтирани од начинот на кој се одвиваат преговорите за нова влада, реагираа и од Сојузот на роми на Макеоднија.

Ги повикаа политичарите и партиите кои ги претставуваат припадниците на останатите заедници да се заложат за статусот на останатите малцинства . Упатија апел и до меѓународната заедница да се заложи во заштитата на интересите на ромската и останатите заедници.