Џет-Сет
13. October 2017 - 10:35

Не можеше повеќе да молчи: Ана конечно проговори за врската со Лукас и бракот со Дарко Лазиќ, еве што откри

Во естрадните кругови се шушкаше дека пејачката во својот кревет го носела Лукас, додека нејзиниот сопруг Дарко Лазиќ бил на настапи, и дека на Аца му испраќала љубовни пораки.

Таа тогаш открива во какви односи е со пејачот, но и со својот маж.

-Аца ми е драг колега, зошто да не бидеме добри: Едноставно, сите на естрадата функционираме убаво, без оглед на тоа што пишуваат луѓето. Кога би верувале во тие работи, никој со никого не би разговарал. Дарко и Аца секогаш биле добри и сега се, вели Ана Севиќ.

Кога се појавија приказните дека Ана е љубовница на Лукас, и тоа подолго време, се шушкаше дека тоа ќе биде причина таа да се разведе од Дарко, но Севиќ вели дека од распадот на бракот нема ништо.

-Каков развод? Не разведуваа и пред да се венчаме, така што ние на тие работи, за жал, навикнавме. Ние сме во иста работа и апсолутно знаеме како функционира тоа. Знаеме што е вистина. Кој сака нека верува во што сака, јас тука не би се мешала, вели Ана Севиќ.

Корисниците на социјалнтие мрежи неодамна повторно почнаа да се шегуваат на сметка на тежината на Дарко, а Ана вели дека не може да му помогне на сопругот да ослабе.

-Не можам јас тука ништо. Тоа е нешто што зависи од него, како што и секоај одлука зависи од лицето што го засега. Јас сум тука да го поддржам во тренинзите, во диетата, и во се, но тоа е исклучиво негова одлука. Тој е човек што сака да јаде, што да правам, немоќна е Ана Севиќ.

Да потсетиме, по крахот на бракот на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ, се шушкаше дека Ана Севиќ се вљубила и дека својот сопруг, Дарко Лазиќ, го мами со него.