Балкан
9. February 2016 - 14:51

Не може да излезе од станот: Луѓето секојдневно ме бараат и сакаат да ми помогнат

Горан (23) кој е тежок речиси 300 килограми секојдневно го бараат нутриционисти, тренери но и обични луѓе од цела Хрватска. Ги допрела неговата борба со прекумерната тежина но и неговиот ведар дух.
 
Ви благодарам на сите, рекол Горан Лончариќ (23) од Загреб кој тежи речиси 300 килограми. Откако се појавил во медиумите, му се јавиле многу луѓе кои се спремни да му помогнат.
 
- Се јави шивачка која на свој трошок сака да му сошие тренерки, мајци, кошули. Се јави и господин кој произведува домашни чаеви за слабеење, но и луѓе кои веќе успеале да се ослободат од вишокот на килограми, па по својот пример сакаат да му помогнат на Горан.  Тука е и личниот тренер и нутриционист кој е спремен бесплатно да работи со него и да му помогне, вели неговата мајка Бисерка (60), која веќе ги проучува диетите кои би можеле да му помогнат на Горан во слабеењето.
 
 
- За жал, таквите диети се премногу скапи, а јас немам толку пари. Кога ќе го платам се она што морам, ми остануваат околу 2.000 куни од кои јас и Горан живееме цел месец, додала Бисерка. Откако неговата приказна била објавена во медиумите Горан го посетиле и другари и пријатели со кои учел во средното училиште.
 
- По матурата изгубиле контакт. Мислеле дека тој нема да сака да продолжи да се дружи со нив, но реалноста е многу поразлична - рекла мајката на Горан додавајчи дека посетата на неговите другари од средното училиште посебно го развеселила. Овие пријатели го паметат како средношколец кој тежел околу 150 килограми. Но од завршувањето на средното училиште до сега неговата килажа двојно се зголемила.
 
- Пред завршување на средното училиште почнав да имам силни болки во грбот. Не можев да одам како претходно, да спортувам но и да излегувам. Тогаш почнав да се "дувам", вели Горан надевајќи се дека ќе пронајде медицински експерт кој ќе му помогне да ја постави точната дијагноза и да му помогне да се ослободи од вишокот килограми. Неговата примарна дијагноза е дебелината, што предизвикува отежнато дишење, затворање на горните дишни патишта за време на спиењето, зголемени масти во крвта итн. Неопходна е операција на 'рбетот и стомакот, но за да можат лекарите да го оперираат тој мора да ослабе најмалку 20 до 30 килограми.