Живот
30. July 2017 - 12:20

Не е крива машината, ниту пак молците: Еве зашто се прават дупчиња на новите памучни маици!

Многу пати се случило да кумипе нова памучна маица и по неколку облекувања да се појави дупка во материјалот. Виновникот за тоа не е машината за алишта ниту пак малци туку нешто трето.

Основачот на популарниот бренд American Giant, Бајард Винтроп објасни поради што настануваат дупчињата на новата облека, прецизно на новите памучни маици. А објаснувањето е логично.

Долниот дел од маиците е главна точка на триење. Ткаенината на тој дел секојдневно трие од металниот ремен или грубиот горен дел од панталоните или фармерките. Со текот на времето се уништува и затоа настануваат досадните дупки, вели Винтроп.

Секако дека нема да престанете да носите фармерки и ремен, но треба да обратите внимание на квалитетот на материјалот, со оглед дека во денешната „брза мода“ облеката се произведува што е можно поефтино.

Вакви парчиња купуваме најчесто за д можеме да ги носиме секојдневно и што подолго. СЕкогаш е добро ако на етикетата пишува од кој вид на памук е изработена маицата.

На пример висококвалитетен памук со долго влкно, секогаш е добар знак.

Меѓутоа, ако приметите дупчиња и други делови од маиците и н адруга облека, тогаш можеби е време за да им објавите војна на молците.