-->
-->
Не бива тенисер од Кирјос
-->
Австралиецот Ник Кирјос се повлече од првото коло на Мастерсот во Шангај против Американецот Стив Џонсон откако го загуби првиот сет во тај-брејк, по што се правдаше дека имал стомачен вирус.
22-годишниот Кирјос играше во финалето на Кина опен во Пекинг, но и покрај тоа што немаше забележителни проблеми на теренот, реши да се повлече по загубениот тај-брејк. Австралиецот имаше 13 аса во 58-те минути на теренот.
Откако Џонсон со ас го освои тај-брејкот во првиот сет, Кирјос веднаш отиде и се ракуваше со него. Судијата на мечот го праша тенисерот дали му е потребна медицинска помош, додека публиката јасно го покажа своето незадоволство со многубројни свирежи. Кирјос не се појави ниту на прес-конференција туку само објави соопштение за јавноста.
„Сакам да се извинам на сите кои го следеа мечот во Шангај и преку ТВ-преносот. Последните 24 часа се мачам со стомачен вирус и мислам дека тоа беше очигледно од првиот поен“, напиша Кирјос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“