Македонија
19. July 2017 - 11:55

Не бил на должност ама фати разбојник - припадник на Алфите спречи грабеж на аптека

Вчера во 07.20 часот во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“, во аптека “Зегин“, непознат маскиран сторител извршил разбојништо со закана со пиштол и од вработените одзел околу 3.500 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
 
Истиот ден околу 19,00 часот во Скопје на ул.„Ќемал Сејфула“, во аптека “Дајана Фарм“, непознат сторител маскиран и со пиштол извршил разбојништво. Откако сторителот излегол од аптеката, бил забележан од полициски службеник од единицата Алфа, кој во моментот не бил на работа и го управувал своето возило. Во тој момент, полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон сторителот, при што употребувајќи сила успеал да го совлада сторителот на тротоарот. Сторителот бил приведен во ПС-Бит Пазар а се работи за М.А.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.