Бизнис
30. јуни 2016 - 16:52

НБРМ: Три нови нацрт закони усогласени со директиви на ЕУ

Нови нацрт-закони за платежни услуги и системи, за финансиски инструменти и за проспекти за хартии од вредност и обврски за транспарентност за издавачите, како и пакет подзаконски акти, во кои се транспонирани десет релевантни директиви на Европската Унија. Тоа се резултатите од проектот „Понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на движењето на капиталот и плаќањата и финансиските услуги - пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги“, што беше заокружен денеска со завршна конференција.

Проект, што почна во февруари лани, е финансиран преку инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (Instrument for Pre-Accession Assistance - IPA) во рамки на компонентата за Помош за транзиција и институционална надградба (Assistance for transition and institution building). Се состои од две компоненти, првата за усогласување на националното законодавство со законодавството во ЕУ во областа на плаќањата, и втората за усогласувањето на законодавството во областа на пазарот на капитал, како целина, има големо значење за централната банка, соопшти Народната банка на Република Македонија.

Во тек на конференцијата, информираат од НБРМ, се одржаа панел-дискусии на темите „Визијата 2020 на Евросистемот - Чекор напред кај малите плаќања“ и „Европската перспектива на пазарите на капитал во регионот“.