Бизнис
21. April 2017 - 20:50

НБРМ: Пораст на кредитирањето и заштедите кај фирмите, пад на депозитите кај граѓаните во март

Се топат заштедите на граѓаните. Во март годинава депозитите на домаќинствата се намалиле за 0,6%. НБРМ во последниот извештај констатира дека намалување во однос на февруари има и кај денарските и кај девизните штедни влогови или во апсолутна бројка затшедите на граѓаните за еден месец се намалиле за 20 милиони евра.

За сметка на ова, заштедите на фирмите бележат месечен  раст од 0,8%, но НБРМ забележува дека раст има кај девизните депозити орочени на кратко време, а кај денарските депозити има намалување. Вкупно депозитите на корпоративниот сектор во мартспореднео со февруари  пораснале за 11 милиони евра.

За разлика од депозитите, кредитите растат и кај фирмите и кај домаќинствата. Растот во март кај населението изнесува 1,4%, или 30 милиони евра повеќе од фервуари. Кај корпоративниот сектор раст изнесува 1,1% или вкупно 25 милиони евра повеќе споредено со претходнито месец.

Макеоднците најчесто се задолжуваат со потрошувачки или станбени кредити и овој тренд продолжил и во март. Минатиот месец имало раст и кај креидтините картички, а кај минусните салда имало намалување. За прв пат по подолго време, во март забележан е раст и кај автомобислките кредити.