Бизнис
14. December 2016 - 17:22

НБРМ: Намалена референтната камата на благајничките записи за 0,25%

Економијата се стабилизира , банкарскиот сектор е ликвиден,  очекувањата на економските субјекти се поволни.. Затоа Народната банка одлучи да ја намали референтната камата за 0,25%, Сега каматата на благајничките записи изнесува  3,75%.

Ноемвриските податоци покажуваат дека растот на штедење  на населението продолжува. Оцените за стабилност на економските фундаменти и натаму остануваат позитивни.

Македонската економија во третиот квартал продолжи да расте  со солидна камата од 2,4%, која е нешто повисока во однос на проекцијата. Растот  е поттикнат од личната потрошувачка  и извозот, се наведува во соопштението на Народната банка.  

Најновите податоци за девизните резерви покажуваат намалување во ноември , како резултат на редовното намирување на достасаните обврски на државата кон надворешните кредитори и достасување на девизните депозити  на домашните банки  пласирани во благајнички  записи. Сепак,, интервенциите кои ги напрваи Централната банка делуваа  во насока на раст на девизните резерви, што упатува на поволни платнобилански текови.  Трговскиот дефицит е нешто понизок од очекувањеата, а нето откупот на менувачкиот пазар, како показател за приватните транфери, е во рамки на очекувањата. На седницата на Комитетопт на Народната банка  е заклуено дек аризичите од домашните политички случувања се ублажени, но и понатму присутни. Ризиците од глобалното опкружување остануваат актуелни, се наведува во соопштениот на Народната банка