Бизнис
31. May 2017 - 20:17

НБРМ: Над 105 милиони евра странски директни инвестиции во првиот квартал

Инвестирани 105,67 милиони евра во првиот квартал годинава. Ако во јануари  странските директни инвестиции имаа  минусно салдо од 9 милиони евра, во март истите изнесуваат речиси 65 милиони евра. Според податоците кои ги објави Народната банка, најголем дел од вложувањата се нераспределана добивка на фирмите. Во првите три месеци има одлив од речиси 68 милиони евра и тоа најмногу,  кон Обединетото Кралство. Во истиот период, најмногу капитал се слеал од Бермуди – над 12 милиони евра. Австрија  речиси 10 и  Луксембург, над 6 милиони евра.

Политичката криза беше причина странските инвестиции да забават почетокот на годината.  Сепак дел од компаниите решија да вложат кај нас. Меѓу нив - германска компанија за производство на седишта  за автобуси Франц Кил, која инвестира во Желино, масло од канабис се произведува во фабриката на некогашен Охис- браунфилд инвестицијата е на америскаски НИСК. Американска компанија од медицинската област  исто така вложи 8 милиони евра  во Кривогаштани.

Народна банка очекува до крајот на годината приливот на странски инвестиции да продолжи, со оглед на најевениот влез на нови компании. Дел од постоечките пак,исто така  најавија проширување на производството до  крајот на годината.