Бизнис
4. May 2016 - 16:15

НБРМ ја зголеми референтната камата за 0.75%

Народна банка го затега ременот. Основната камата е зголемена за 0,75% осносно од 3,25% на 4%. Причина за ваквиот потег на централната банка е зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките.

Тоа во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа, соопшти денеска НБРМ.

За банкарите ова е очекувана одлука на НБРМ. На овој начин централата покажува дека има механизам да го стабилизира пазарот. Засега, оваа мерка нема да предизвика поскапување на кредитите затоа што банките имаат вишок ликвидни средства. Сепак, банкарите кои ги консултираше Сител велат дека ако процесот на затегање на монетраната политика продолжи, неминовно ќе биде зголемувањето на каматите, особено за физичките лица.

НБРМ во денешното соопштение повторува дека економските фундаменти во земјата се здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата.

Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен раст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и натаму е умерен. Сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови, соопшува НБРМ.

Гувернерот Богов минатата недела повика да престанат шпелукациите за девалвација на денарот кои придонесоа мал дел од штедачите да ги повлекуваат парите од банките. Тој изјави дека НБРМ  ја следи состојбата и доколку се покаже потреба ќе интеревенира за стабилизирање на пазарот.

„Целосно се неосновни овие шпелукации, единствено што придизвикуваат е психоза која има за цел создавање на поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизра ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите еконсми чионители и таа ќе биде повисока“, изјави тогаш гувернерот Богов.

И денеска НБРМ повторува дека внимателно ќе се следат движењата и доколку е потребно, ќе направат дополнителни промени во монетарната политика за целосно стабилизирање на состојбите.