НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка во делот на финансиската писменост и други области во образованието.
Како што соопшти НБРМ, двете институции ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците.
НБРМ и Бирото ќе реализираат соработка на полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост и размена на релевантна експертиза.
- Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења, како и за нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, информира НБРМ.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата