Бизнис
19. December 2016 - 19:47

НБРМ: Економски раст од 3,5% наредната година само ако се стабилизира политичката криза

Негативниот шок од политичката криза продолжува и во 2017 година. НБРМ прогнозира дека економијата догодина ќе порасне за 3,5% но само ако дојде до стабилизирање на состојбите на политичката сцена.

Централната банка во последниот извешатј напиша дека решението на политичката криза ќе значи помала воздржаност кај инветситорите, што ќе влијае на вкупниот раст. Банката прогнозите ги темели на очекувањата дека градежните работи на патната инфрструктура ќе продолжат, а дека ќе се реализираат и најавите на инвеститорите за отворањ нови капацитети. Ваквото сценарио ќе влијае и на намалување на невработеноста и на растот на платите кој е клучен за раст на потрошувачката.

Бизнсмените пак не се отпимисти барем за стартот на 2017 година. Се жалат дека нарачките за првите месеци од следната година се намалуваат, стравуваат дека нема да бидат во состојба да го задржат сегашниот број на вработени, ниту пак сегашните плати.

Годинава ќе заврши со раст на економијата од минимални 2,3%. Првичната прокеција изнеусваше 3,5%. За догодина првото сценарио беше дека економијата ќе порасне за значајни 4%, а сега се очекува раст од 3,5%.