Бизнис
14. јуни 2017 - 20:32

НБРМ: Економската активност стагнира, ризик за проекцијата од 2,5% раст на економијата

Извозот и личната потрошувачка и натаму бележат  раст, а позитивен импулс имале и инвестициите. Сепак, во услови на посилни увозни притисоци, вкупната еконоскма активност во овој период стагнирала, наспроти очекувањата за раст.
 
Комитетот на Народната банка констатирал и пад на депозитите кај банките, петти месец по ред. Благ раст е забележан само кај штедењето на населението и тоа во домашна валута. Нивото на вкупни депозити е под проекцијата , што покажува на ризици во овој сегмент.
 
Од друга страна , кредитирањето бележи  раст со солидно темпо, ликвидноста на банките продложи со нагорен тренд, како резултат на исплата на субвенциите за земјоделците.  Во такви услови Народната банка одлучи да не ја менува монетарната политика и камататa на благајнички записи да ја задржи на истото ниво