Бизнис
10. January 2018 - 19:36

НБРМ: Економијата закрепнува - Светска банка прогнозира раст од 3,2%, експертите скептични

Македонската економија годинава ќе порасне 3,2%. Ова е најновата пргноза на Светска банка во извештајот за економски перспективи објавен денеска.  Проекцијата  е пониска од претходната, јунската,   за незначителни 0,1 отсто. Поголем раст од нашата земја ќе имаат соседните  Косово, Бугарија и Албанија, а понизок Србија,  Црна Гора и Хрватска. Политичката криза е посечена како главен виновник за нискиот раст на БДП од само 1,5% минатата година, а како главни проблеми и натаму остануваат  невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфаструктурни проекти. Во извештајот се посочува дека се неопходни странски инвестиции, додека пак експерите бараат, за повисок раст   Владата да понуди долгорочни стратегии, а не само краткорочни политики

 - Догорочна стратегија за развој нема- не се утврдени приоритетите по кој треба оваа држава да работи.  Се креираат само краткорочни политики кој на долг рок не можат да дадат ефекти, изјави Фатмир Битиќи, универзитетски професор

 

Светска банка прогнозира дека економијата во светот заздравила како резултат на зголемените инвестиции, трговијата и производствените активности. Растот на БДП ќе изнесува 3,1 отсто, а како главни ризици за економси просперитет се наведуваат стареењето на работната сила и намалената продуктивност на работниците. Ова ќе го загрози подобрувањето на животниот стандард и намалувањето на сиромаштијата во светот.