Бизнис
18. April 2017 - 20:17

НБРМ: 71% од трансакциите со картички се на банкомати, само 24% се плаќања

Македонците не сакаат да плаќаат со картички. Пластиката главно ја користат за да подигнат кеш од банкомат.

Според извештај на НБРМ за 2016 година, дури 71% од трансакциите со картички се за подигање готовина, 24% се плаќања во трговијата, 4% за депонирање готовина, а смао 1% за интернет плаќања.

Кога се надвор од земјава пак Македонците повеќе ги користат картичките за плаќање во трговијата, а помалку за подигање готовина. Преку македонските картички лани во странство биле потрошени близу 180 милиони евра, а најмногу картичките поминувале низ апаратите во Велика Британија, Унгарија и Грција.

Преку странски картички пак во земјава минатата  година имало трансакции во врендост од близу 270 милиони евра. Најголем дел од овие картички се издадени во САД, Швајцарија И Обединетото кралство, а странците во Макеодија повеќе поглекуваат кеш, отколку што плаќаат во трговија со картичките.

Според извештајот, лани преку катрички бил остварен вкупен промет од 2,9 милијарди евра. Над 90% од оваа сума е направена со картички издадени во Македонија, остатокот е со странски картички.

Користењето на картичките во земјата и во странство во 2016 година обезбеди нето-прилив за Република Македонија во износ од 91 милиони евра - се вели во извештајот на НБМ.