Кошарка
3. July 2017 - 10:10

НБА:Милсап во Денвер

Крилниот центар Пол Милсап ја напушти Атланта и во наредните три години ќе игра во Денвер. Милсап има 32 години, а во 2006 година влезе во лигата како 47 пик избран од страна на Јута.
 
Ол стар играчот Пол Милсап со Денвер потпиша тригодишен договор „тежок“ 90 милиони долари.
 
Милсап минатата сезона во просек по натпревар бележел по 18 поени, 7,7 скокови, 3,7 асистенции и 1,3 украден топки.
 
Доаѓањето на Милсап во Денвер значи дека Италијанецот Данило Галинари ќе го напушти клубот.