-->
-->
НБА:Ентони сака во Хјустон
-->
Кошаркарот на Њујорк Никс, Кармело Ентони, во наредните денови очекува да се сретне со челниците на клубот од кои ќе побара да биде трејдуван во Хјустон Рокитс.
Според американските медиуми, популарниот Мело, ќе се откаже од клаузулата во договорот која забранува трејд во друг тим, но за да биде реализирана неговата желба тој ќе мора да се договори со генералниот менаџер на Њујорк Скот Пери и со претседателот Стив Милс.
Инаку интерес за Мело покажува у вицешампионт Кливленд, но крилниот кошаркар рекол дека сака трејд во Хјустон.
Кармело Ентони има важечки договор со Њујорк и во наредните две сезони, според кој треба да инкасира 54 милиони долари, но како сега стојат работите многу е пореална варијантата тој да се пресели во Тексас.
Со Ентони Хјустон ќе створи тим за респект, подготвен да ја нападне шампионската титула. Хјустон кој во тимот го има Џејмс Харден, на почетокот на преодниот рок потпиша договор со најдобриот плејмејкер во лигата Крис Пол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење