Кошарка
17. February 2018 - 10:25

НБА:Американците поразени од светската селекција

Предводен од Богдан Богдановиќ  тимот на Светот ја совлада екипата на САД во Ол-стар мечот „Ѕвезди во подем" со убедливи 155:124. Кошаркарот на Сакраменто Богдановиќ кој беше прогласен за МВП стартуваше од клупата и за 21. минута на паркетот постигна 26 поени, четири скока, шест асистенции и една украдена топка. Богдановиќ имаше одлична шутерска претстава, во еден момент од мечот имаше 6/8 за три поени.