Кошарка
15. August 2017 - 11:03

НБА возбудувања од 17-ти октомври

Новата сезона во НБА лигата според комесарот Адам Силвер ќе стартува 8 дена порано од минатата година и тоа на 17 октомври.

На радост на гледачите во првите два дена ќе можат да ги проследат настапите на финалистите од минатото првенство, Кливленд и Голден Стејт.
 
Шампионот Голден Стејт на домашен терен ќе игра со Хјустон, додека Кливленд ќе го пречека Бостон.
 
Првиот меѓусебен дуел двата најголеми претенденти за шампионскиот трофеј ќе го имаат на католички Божик (25 декември) кога Голден Стејт ќе биде домаќин на Кливленд.