Кошарка
11. November 2015 - 9:12

НБА: „Трипл-дабл“ за Вестбрук против Вашингтон

„Трипл-дабл“ оствари Расел Вестбрук од Оклахома Сити против Вашингтон во победата на неговата екипа на гостински терен. Вестбрук постигна 22 поена, 11 скокови и 11 асистенции. Одличен почеток имаше и Кевин Дјурант со 14 поени и 10 скокови, но поради повреда го играше само првиот дел.

Првата победа сезонава ја постигна и Њу Орлеанс.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Вашингтон – Оклахома Сити 101:125, 

Кливленд – Јута 118:114,

Мајами – Лос Анџелес Лејкерс 101:88,

Торонто – Њујорк 109:111,

Милвоки – Бостон 83:99,

Минесота – Шарлот 95:104 и

Њу Орлеанс – Далас 120:105.