Кошарка
5. November 2015 - 7:58

НБА: Торонто изненади во Оклахома

Кошаркарите на Торонто направија големо изненадување во Оклахома со победата од 103-98 и го подобрија историскиот старт со 5 победи на стартот во една сезона. Торонто победата ја обезбеди во последната четвртина кога славеше со 30-17 предводен од извонредниот  ДеМара ДеРозан  кој постигна вкупно 28 поени од кои 10 во последниот период.  На Оклахома не и помогна ефикасната игра на Дурант со 27 и Вестбрук со 22 поени.